Пред бројни гости и соработници, вчеравечер, во кафе терасата „ Аквариус“ беше промовирана книгата „Фотографијата како историско сведоштво за градот Охрид во периодот 1913-1991“ од охриѓанецот Никола Митровиќ.

Книгата е поделена на два дела. Првиот е архивистички дел каде се укажуваат својствата на фотографијата и нејзиниот историски процес од првото појавување до дигиталната фотографија како неконвенционален вид на архивски запис.

Вториот дел од книгата го опфаќа историскиот период од 1913 до 1991 година во кој фотографијата се обидувам да ја прикажам како носечки запис, на историските настани и луѓе, вели авторот.

Книгата е работена во периодот од 2005 до 2007 година, во соработка со голем број фамилии од Охрид кои свесно се негуватели на старата фотографија- семејна и пејсажна.

Тука би ги споменал Владимир Тунте, фамилиите Треневи, Паунче, Јагода Видеска и многу други. Се надевам дека оваа книга ќе наиде на голем интерес кај читателите, вели Митровиќ.

Книгата „Фотографијата како историско сведоштво за градот Охрид во периодот 1913-1991“ е дел е од трилогијата ветена на градот Охрид. Првиот дел, беше одржаната изложба на фотографии во 2013 насловена „ Охрид понапред“, вториот дел е оваа книга, а авторот најавува и драма која ќе биде сведоштво за вистински настан во Охрид. 

OhridNews