Охриѓанецот Мишко Танески, член на Планинарското друштво „Магаро“, направи уште еден извонреден подвиг освојувајќи го највисокиот врв на планината Килиманџаро во Африка.
Охриѓанецот Мишко Танески го развиори македонското знаме на Килиманџаро
Искачувањето на покривот на Африка на снежниот врв на Килиманџаро – Ухуру Пик (5.896 м.н.в.) траело шест дена. Експедицијата во која бил Танески подвигот го направила во саботата во 16:50 часот.
Триесет и седум годишниот Танески на Килиманџаро се искачи како член на српска експедиција „Натуралимитс“ од Зрењанин. Претходно на 10 август Танески се искачи на Мон Блан (4.810 м.н.в.), а желба му е да ги совлада седумте највисоки врвови во светот.