Македонската репрезентација во атлетика на престојното Балканско првенство ќе настапи со 13 атлетичари (девет во машка и четири во женска конкуренција). Балканското првенство ќе се одржи на 26 и 27 јули во романскиот град Питести.
Боите на Македонија во машка конкуренција ќе ги бранат: Ристе Пандев (100 и 200 метри и штафета 4×100 метри), Ристе Ајдаров (100 метри и 4×100 метри), Кристијан Ефремов (200 и 400 метри и штафети 4×100 и 4×400 метри), Бујар Бекири (400 метри со пречки и штафети 4×100 и 4×400 метри), Ѓорѓи Кузманоски (400 метри и штафета 4×400 метри), Александар Стојановски (800 и 1.500 метри и штафета 4×400 метри), Јованче Јанковски (скок во височина), Славчо Мирчевски (скок во далечина).
Во женска конкуренција на Балканското првенство ќе настапат: Валбона Селими (100 метри), Христина Ристеска (200 и 400 метри), Мери Јанкова (800 и 1.500 метри) и Ирена Темова (скок во височина).