На Милан Поп Стефанија, ученик во втора година во гимназијата „Свети Климент Охридски “ денеска во Советот на Европа во Стразбур ќе му биде врачена наградата „културно наследство на 20-от“ век.
Високото признание Поп Стефанија го доби за фотографијата „Куќа на Бошњакови изградена во 1930 година“.
На меѓународниот натпревар се наградени тројца средношколци од Македонија.
Учетвото на натпреварот и доделувањето на наградите го организира Музејот на Македонија.
А.Р.