Охриѓанецот Милан Китевски се закити со сребрен медал на 26-от Меѓународен пливачки митинг „Св. Никола“ кој се одржа во Ниш, Србија.

Тој на второто место од пиедесталот се искачи во дисциплината 50 метри градно со време 31 секунда и 59 стотинки.

На турнирот во Србија учествуваше и младиот Василиј Топалоски кој под палка на тренерот Славчо Цветкоски се натпреваруваше во 50 и 100 метри слободно.

OhridNews