Охриѓанецот Шенол Менди се најде во списокот на селекторот на македонската репрезентацијата за фудбалери до 17 години, Роберт Стојаноски за претстојната тест средба.

Шенол Менди

Шенол е член на кадетската екипа на Охрид под водство на тренерот Аце Вељаноски.

Селекцијата на Македонија до 17г. на 28.февруари на игралиштето на ФК Алумина ќе одигра контролен дуел со младинската екипа на ФК Работнички.

М.П.