Еден од најталентираните членови во младинската школа во Ракометниот клуб Охрид, Мартин Иваноски е дел од кампот на унгарскиот ракометен гигант Веспрем.
Иваноски кој во младинската екипа работи под палката на Наум Бабачев може да дејствуваа на две позиции среден и лев бек веќе неколку денови тренира со останатите членови од унгарскиот шампион.
Веспрем квалитетите на Иваноски ќе ги тестира на меѓународен турнир во Белград, Србија кој ќе започне во понеделник.
Трансфер, односно преселба од Охрид во Веспрем ќе биде голема награда и признание Наум Бабачев и за младинската школа на РК Охрид која кореспондира со успесите на сениорската екипа.
OhridNews