Охриѓанецот Ристе Маркоски се најде на радарот од охридскиот стратег Драган Бочевски, кој е тренер на битолски Пелистер пренесува „Македонски Спорт“.

Маркоски од Напредок под „Тумбе Кафе“ би се пресилил на инсистирање на Бочевски, кој по секоја цена сака да го види охриѓанецот во својата екипа. Тие двајца долги години имаа одлична соработка во кичевски прволигаш, а со евентуален трансфер таа би можела да продолжи.

Бочевски уште на стартот од сезоната посака негов ангажман, а тоа може да се случи сега во зимскиот преоден рок.

Мх.П.