Охриѓанецот Кире Маркоски член на фудбалскиот клуб Работнички од Скопје се најде на листата на најталентирани фудбалери во Европа до 20 години.

Оваа листа ја престави италијанската „Фантагазета“, а фудбалерот кој потекнува од Охрид е сврстен во првата екипа. Место во резервите има за уште еден фудбалер од македонскиот шампионат, а тоа е Марјан Радевски од тимот на Металург.

Покрај Македонија по два преставници во најталентираната екипа имаат Холандија, Полска, а дури три има хрватскиот фудбалски шампионат.

Прва екипа : Китанов (Бугарија) – Черно Море, Чамберс (Англија) – С`тон, Суле (Германија) – Хофенхајм, Костас (Шпанија) – Селта Виго, Деклан – (Велс) – Кардиф, Маркоски (Македонија) – Работнички, Бакер (Холандија) – Ден Хаг, Вилхена (Холандија) – Феенерод, Холзер (Чешка) – Б. Острава, Перица (Хрватска) – Нац Бреда, Пашалиќ (Хрватска) – Хајдук.

Резерви : Цана (Албанија) – Тирана, Штепински (Полска) – Видзев, Лимети (Полска) – Лех Познањ, Радески (Македонија) – Металург, Пјаца (Хрватска) – Локомотива.

Извор : „Македонски Спорт“
Мх.П.