Охриѓанецот Марјан Маркоски е дел од фудбалска судиска шесторка која предводена од интернационалецот Александар Ставрев ќе ја дели правдата според новите упатстава на УЕФА меѓу домашниот Шериф и турскиот Фенербахче во рамките од Лигата на Европа.
Покрај тројката што ќе дели правда на теренот, Ставрев со асистентите Љубомир Крстевски и Марјан Кировски, како асистент крај аут-линијата ќе биде и Марјан Маркоски, а зад головите Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.
УЕФА на стартот од Лигата на Европа што се игра во 12 групи, експериментално воведе шест судии да ги покриваат овие натпревари.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com