Охриѓанецот Марјанчо Лазаревски ќе биде единствен македонски претставник на 20-то светско ИТФ теквондо првенство кое ќе се одржи од 15 до 21 септември во Северна Кореја.
Лазаревски кој е тренер во клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид нашата земја на Мундијалот ќе ја преставува како делегат.
– Со самото присуство на ваков голем настан може да се види дека нашата федерација добро котира на светско ниво. Требаше да имаме и двајца натпреварувачи, но немавме авионски билети и пропадна можноста да дебитираат на едно големо натпреварување. – изјави Лазаревски, кој е претседател на ИТФ федерација во Македонија.
Учеството на Светското првенство ќе биде еден вид награда за Лазаревски и охридското теквондо за 25-годишниот јубилеј кој го прославува годинава.
OhridNews