Охриѓанецот Марјан Ецкоски ќе биде главен судија на дерби средбата во Скопје меѓу Работнички и Шкупи во 21-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.


Асистенти на искусниот арбитар Ецкоски ќе му бидат Жарко Тодоровски од Охрид и скопјанецот Никола Божиновски додека четврти судија е Фатон Мустафи од Тетово.

Работнички и Шкупи имаат по 30 бодови и ја делат третата позиција на табелата со составот на Силекс кој пак пред своите гледачи го пречекува тимот на Металург.

Двојки: Ренова – Х. Турново, Вардар – Брегалница, Шкендија – Младост ЦД, Силекс – Металург, Работнички – Шкупи.

Табела: Вардар 49, Шкендија 45, Работнички 30, Шкупи 30, Силекс 30, Брегалница 20, Ренова 20, Турново 20, Младост 16, Металург 13.

OhridNews