Охриѓанецот Марјан Ангелески во јули месец во Будва, Црна Гора ќе биде дел од борбите во Фајнл чемпионшипот. 22-годишниот член на Фајт клубот Мастер од Охрид ќе се бори против Радослав Јоксимовиќ од Србија.

– Подготовките за мојот дуел со Јоксимовиќ се одвиваат во Охрид и Скопје. Во мојот роден град тренирам под будното око на тренерот Саша Поповски кој е еден од најзаслужните за моите успеси во боксерските вештини додека во Скопје каде професионално работам ја одржувам формата. – рече Ангелески.


Ангелески како дете прво ги откриваше тајните на фудбалот, а подоцна се роди љубовта кон боречките вештини.

– Почнав со фудбалот, но ми требаше нов предизвик. Во кик боксот го најдов она што ми недостасуваше во фудбалот. Почнав да тренирам напорно, потоа следуваа борбите и тоа уште повеќе ме повлече во боречките спортови. – додаде Ангелески.


Во 30-ет борби во кик боксот Ангелески има забележано 28 победи, а веќе година и пол се натпреварува во ММА. Во ММА борбите охриѓанецот има скор од една победа и пораз, а дуелот со Србинот е трет за него во кариерата.

– Добро го познавам противникот и гледав некои видео снимки, но не се оптеретувам со него. Целосно се фокусирам на моите подготовки и мислам само на мене. Победата ми е императив и се ќе направам да стигнам до неа. – заврши Ангелески.

Охридскиот преставник во Будва има голема забелешка за охриѓани кои се уште не покажуваат интерес за боречките вештини иако во светот уживаат голема популација.

Ohridnews