Битолските „зелено бели“ под палката на новиот стратег Ѓоко Хаџиевски стартуваа со подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.


Охриѓанецот Љупчо Трпески е еден од петте нови имиња во составот на Пелистер. Покрај поранешниот фудбалер на Вулкан под Тумбе Кафе пристигнаа уште Никола Матиќ, Игор Станоевиќ, Виктор Талевски и Љутви Биљали.

– Нашата стратегија е долгорочна, а сакаме да изградиме нов, млад, талентиран и мотивиран Пелистер. Токму затоа таква е и селекцијата, засега имаме пет нови имиња, а ќе пристигнат најмалку уште толку во наредниот период. Сепак, најважен ќе биде приодот кон работата, ќе бараме максимална дисциплина и ќе сакаме да видиме желба и одговорност кон дресот на Пелистер – рече за Екипа.мк, Хаџиевски.

Дел од подготовките „чкембарите“ ќе одработат во Битола, ќе играат контролни натпревари во Охрид, а главните припреми битолчани ќе ги имаат во Анталија каде ќе поминат 14 денови.

Мх.П.