Охриѓанецот Љупчо Трпески ќе потпише професионален договор со битолски Пелистер откако успеа да ги задоволи критериумите на новиот тренер Ѓоко Хаџиевски.
Трпески за Пелистер одигра неколку натпревари во Б лигата вклучувајќи го и мечот против младата селекција на Македонија.
Тој со „зелено белите“ најверојатно ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште неколку сезони.
Мх.П.