Со двомечот против Црна Гора , македонската футсал репрезентација го продолжува трендот на одигрување конторлни натпревари во пресрет на квалификациите за ЕП 2011 година. Денес и утре ќе се одмерат силите со црногорците кои имаат позитивен биланс во досегашни средби.
Охриѓанецот Зоран Левески очекува добра проба и победа на нашата селекција:
– Во моментов мислам дека сме поквалитетни од нив и очекувам победи на двата натпревари. Овие натпревари ќе ги искористиме да пробаме некои нови варијанти како во нападот така и во одбраната – вели Левески.
Шансите за пласман на ЕП, според Левески се само теорија, а најбрзо до европско првенство би стигнале како организатори.
–
Натпреварите од ЕП би биле најблиску до нас, доколку Македонија и Охрид би ја добиле организацијата на завршната фаза во 2012 година, инаку тешко дека ќе избориме пласман на европско првентсво преку квалификации – истакна Левески.
Одлуката кој ќе биде домаќин на ЕП 2012 година, ќе биде донесена на 7 март.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com