Со победата над Ројал Илирет 5-2 екипата Железарец во 23-та рунда ја обезбеди шампионската титула во Првата македонска футсал лига.
Титулата во македонскиот футсал шампионат е шеста во низа за тимот каде „главниот“ збор го има охриѓанецот Зоран Левески.
Со освојувањето на титулата Железарец ја продолжи доминацијата во футсал и обезбеди пласман во Лигата на Шампиони.
Мх.П.