Од денес до недала во СРЦ Кале стартува квалификацискиот турнир за УЕФА футсал купот за македонскиот шампион  Железарец кој е во група заедно со холандскиот Ајднховен, уште Истанбул-Турција  и Екцес Биднија од Малта.


Нашиот првак по трет пат по ред е домаќин  на ваков турнир и минатата година успеа да го освои првото место и да се пласира во следната рунда. Само најдобриот тим ги продолжува натпреварите.


Охриѓанецот Зоран Левески кој е капитен на тимот е оптимист и смета дека може да се повтори ланскиот успех.

Мора да бидеме први, нема друга опција за нас. Реално, најголема конкуренција ни е холандскиот претставник Ајнховен, кој ќе ни биде последен противник. Тој дуел ќе пресуди дали ќе бидеме први во групната фаза – рече охриѓанецот Левески.
 

Распоред на натпреварите:

Четврток 18. Август
18.00ч.  Ајднховен (Хол)– Истанбул (Тур)
20.30ч. Железарец – Екцес Биднија (Малта)

Петок 19. Август
18.00ч. Екцес Биднија- Ајднховен
20.30ч  Железарец – Истанбул

Недела 21. Август
18.00ч. Екцес Биднија- Истанбул
20.30ч.  Железарец – Ајднховен

Доколку го освои првото место во групната фаза, КМФ Железарец ќе игра на турнирот од главната рунда заедно со екипите на Динамо од Москва, Атина 90 и Литија од Словенија.

М.П.