Македонската футсал репрезентација во последната рунда од квалификациите за Европското првенство во Израел забележа триумф од 4-2 против селекцијата на Шведска.
Со триумфот над “викинзите“ избраниците на селекторот Васко Скендеровски го избегнаа последното место во групата каде уште се наоѓа Европскиот првак Шпанија и селекцијата на Хрватска.
До единствените бодови во групата “црвено жолтите“ ги предводеше охриѓанецот Зоран Левески со два погодоци, останатите два беа дело на Мартин Тодоровски и Дарко Ранготов.
Актуелниот првак на Европа со победата над Хрватска 10-0 освои максимални девет бодови и го освои првото место во групата. Со шест поени “коцкастите“ завршија втори, Македонија трета со три бодови додека “фенерот“ им припадна на швеѓаните.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com