Охриѓанецот Дејан Лескароски со екипата Скендербег успеа да обезбеди опстанок во најсилната фудбалска лига во Албанија. Во бараж натпреварот “црвено- белите“ го победија второлигашот Камза минимално со 1-0.


Бранителот, Лескароски зимата на полусезона го напушти Охрид и потпиша шест месечен договор со тимот од Корча. Со одигрувањето на  баражот неговиот договот заврши но по обебзедувањето на опстанокот, големи се шансите тој да остане во албанскиот прволигаш.

М.П.