Гитаристот на охридската хард-рок група The Bloom, Лазар Фармакоски, ја освои наградата за најдобар гитарист на гитаријадата во Миравци -гевгелиско, што се одржа викендов.
Лазар Фармакоски
Фармакоски за „солажите“ доби процесор, комплет жици и се разбира големо признание од колегите и организаторот.
моментот на соопштување на наградата
Забележителен настап на охриѓаните The Bloom на гитаријадата во Миравци
Инаку The Bloom имаа забележителен настап во финалето на гитаријадата. Тие се пред љубителите на рокот се претставија со песните „ Во моите соништа“ и „Бездушна“, кои одлично биле примени од публиката.
ohridnews