Охриѓанецот Валентин Кочоски како позајмен фудбалер од Академија Пандев ќе ја мине сезоната во прволигашот Хоризонт Турново.

Екипата од Турново го ангажираше Кочоски на едногодишна позајмица, а тој со својот раскошен талент треба да биде од голема помош за тимот во натпреварите од Првата лига и Лигата на Европа.

Минатата сезона беше брилијатна за Кочоски кој беше најдобар стрелец во младинската лига и со тимот на Академија Пандев го освои Купот на Македонија.

Мх.П.