Охриѓанецот Кире Маркоски дресот на скопскиот клуб Работнички ќе го замени со дресот на кипарски АЕК Лимасол.
Маркоски кој потекнува од фудбалската школа Воска долго време бил следен од агентите на кипарскиот состав. Двете страни постигнале договор и трансферот наскоро треба да биде официјално реализиран.
23-годишниот фудбалер најголемото внимание го сврте со настапите во У21 селекцијата која успеа да се квалификува на Европското првенство во Полска. Охриѓанецот во квалификациите беше најдобар стрелец во македонската селекција, а и стрелец на еден погодок на ЕП.
Исто така зад името на охриѓанецот ќе остане запишан погодокот за пласман во четвртата квалификациска рунда на Работнички на гостувањето кај Трабзонспорт во Лигата на Европа.
OhridNews