Фудбалерот на Работнички и член на У21 селекцијата, Кире Маркоски е прогласен за најдобар млад фудбалер во Македонија за 2015 година.
Охриѓанецот во друштвото на најдобрите се најде пред се поради одличните игри во дресот на „романтичарите“ во Лигата на Европа, македонското првенство и Купот на Македонија.
Со неговиот погодок македонскиот преставник сензационално успеа да го елиминира Трабзонспор, а исто така тој беше херој на дебармаалците во 1/2 финалето во Купот на Македонија.
Најдобар фудбалер во Македонија за 2015 година е прогласен Филип Гачевски, а во странство Александар Трајковски.
Наградени :
Најдобар фудбалер во странство: Александар Трајковски (Палермо, Италија)
Најдобар фудбалер во Македонија : Филип Гачевски (Брегалница/ Вардар)
Најдобар тренер: Игор Ангеловски (ФК Работнички)
Најдобар стрелец: Изаир Емини (ФК Ренова)
Најдобар млад фудбалер : Кире Маркоски (ФК Работнички)
Најдобар стрелец во младинските категории : Марко Ѓорѓиевски (ФК Вардар)
Најдобар тренер во млади категории : Влатко Колев (ФК Металург)
Најдобар клуб во младински фудбал : ФК Металург
Најдобар судија : Александар Ставрев
Животно дело : Благоја Истатов
Фер-Плеј екипа : ФК Работнички
Најдобра фудбалерка : Наташа Андонова (Розенгард, Шведска)
Најдобар тренер во женски фудбал: Дарко Костадиновски (ЖФК Драгон)
Најдобар стрелец во женски фудбал : Ели Јаковска (ЖФК Драгон – постигнати 45 гола во сезона 2014/2015)
Најдобар тренер во футсал : Иван Божовиќ (КМФ Железарец – Скопје)
Најдобар играч во футсал : Мартин Тодоровски
Мх.П.