Во организација на на здружението КОНЕКТ се одржа првата конференција за ФИЛАНТРОПИЈА во Република Македонија. На конференцијата уцествуваа преку 100 претставници на здруженија на граѓани, фондации, бизнис секторот како и државни институции од Република Македониjа.
Учесниците на конференцијата имаа несекојдневна можност да ги слушнат позитивните искуства во областа на филантропијата од преставници на компании и индивидуалци од Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија и
САД, но и домашните филантропи Ристо Гуштеров, Весна Петрушевска, Горан Лазаревски, Солве Рикер, сопруга на Амбасадорот на САД во РМ и Никица Кусиникова.
Говорниците преку своите искуства укажаа на мозноста дека секој човек како индивидуа може да го промени светот, додека посебно внимание беше обратено на ефективната корпоративна филантропија како движечка сила на општеството. На пристутните им се обрати и Марк Виктор Хансен, автор на бестселерот ,,
“Пилешка супа за волонтерска душа и мотивациски говорник“
На конференцијата активно учество зедоа и претставници на Младински Совет Охрид кои учествуваа и на средбата за поврзување на здруженија на граѓани кои работат на полето на филантропијата и ФУНДРАИСИНГ (прибирање на средства).
На средбата се формира координативно тело кое ќе раковори со мрежата, а Димче Каневче од Младински Совет Охрид е избран за ко-претседавач на мрежата.
Конференцијата за ФИЛАНТРОПИЈА која се одржа во хотелот Александар Палас во Скопје беше отворена од Вицепремиерот и Министер за финансии во Владата г. Зоран Ставревски и директорот на УСАИД мисијата во РМ г. Мајкл Фриц. Конференцијата беше финансиски помогната од УСАИД и ИТЗ, канцеларијата во Македонија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com