Викендов во Белгард на стадионот на Партизан се одржа 4. меѓународен атлетски митинг “Трофеј на Белград” на кој настапи и нашата селекција, со 6 атлетичари под 18 год – млади младинци

Охриѓанецот Филип Кафтаноски освои  две бронзени медали и тоа на 100 (11,55 сек) и на 400 м (51,87 сек), резултати кои се блиску до норма за СП за млади младинци.

Најголемиот успех го постигна Бојан Милчевски на 800 м освојувајќи го сребрениот медал (1:55,85 мин). Постигнатото време значи и остварена норма (1:58,00 мин) за СП за млади младинци.

Ohridnews