Охриаѓанецот Филип Кафтаноски го освои првото додека Миле Иливески го освои второто место на трката на 100 м која во Велес се одржа по повод “Светскиот ден на атлетика”.

Кафтаноски на трката на 400м го освои второто место со нов личен рекорд 53.79. Стефан Стефаноски на 800м го освои второто место со резултат,2:17

Вон конкуренција настапија Славчо Миречевски скок во далечина со резултат 6.30 и Огнен Павловски на 800м со резултат  2:03:18

Наредно натпреварување е квалификацискиот куп на Македонија за сениори на 23 и 24 Мај.

ohridnews