Охриѓанецот Јован Јованоски заврши како второпласиран на вториот натпревар во друмски велосипедизам за оваа сезона на патеката Галичица. На “Тур Д` Галичица“ која се одржа во организација на ВК З‘ш точак од Охрид и Велосипедската федерација на Македонија учествуваа 36 натпреварувачи од 7 клуба.


Поради кружниот тек на патеката од Охрид кон Буково, Ресен, Отешево, Трпејца и повторно назад Охрид со вкупна должина од 109 км, управниот одбор на ВФМ одлучи овој натпревар да има две стартни рамнини. На стартот во Охрид стартуваа велосипедистите од класите Јуниори и Сениори – Елит, а на втората стартна рамнина од дворот на кампот Сирхан на брегот на Преспанското Езерао стартуваа најмладите велосипедисти Кадетите и најстарите Мастерсите со вкупна должина на патеката од 60 км.

 
Никола Ѓукиќ од кумановскиот клуб Вело-М и охриѓанецот Јован Јованоски водеа изедначена трка “тркало до тркало“ во поголениот дел од трката.

Јовански имаше пех на “домашната“ стаза, при едно силно кочење ја загуби рамнотежата и се најде на патот,  тоа го искористи неговиот противник кој успеа да ја приведе трката до својот финиш.

На истото место каде имаше незгода Јованоски, настрадаа уште неколку велосипедисти, а еден не можеше да ја продолжи трката.

На третото место се пласираше Николоски Кристијан од МВК – Велес со задоцнување од 5 минути после Јованоски.
 

Ohridnews