Охриѓанецот Илче Јоноски е меѓу четворицата боксери кои ќе настапат на традиционалниот меморијален турнир „Хакија Турајлиќ“ што ќе се одржи во Сараево од 29 април до 3 мај.
Покрај Јоноски (81) во Сараево ќе се натпреваруваат Примислав Димовски (плус 91 кг), Фатлум Жута (75) како и младиот Перхан Мемедов (60 кг). Нашата експедиција ја предводат тренерот Руждија Калач и судијата Петре Неделковски.
Со оглед дека организаторот нема повикани боксери од најмала категорија до 51 кг., за Сараево не отпатува нашиот најдобар боксер Вели Мумин бидејќи нема противници.
Наредниот предизвик за нашите боксери ќе биде европското првенство што ќе се одржи во Москва од 4 до 16 јуни.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com