Охриѓанецот Љупчо Јаковлески победи на националниот Вигор Бармен куп што се одржа во Лаунџ барот „Кадмо“.

Јаковлески со неговиот коктел освои најмногу бодови од стручното жири коe оценуваше изглед, мирис и вкус.

Втората награда во класика ја освои Методи Перунковски додека третата Ванчо Стојанов.

За најдобра стручна работа беше прогласен Зоран Ристов, а за најатрактивен коктел награда замина во рацете на Драгослав Лихвинцев.

Натпреварување имаше во флерт слободен стил што ги крена сите присутни на нозе и со громогласен аплауза беа поздравени сите бармени учесници.

Ohridnews