Фудбалерот на ФК “Илинден“, Александар Јакимоски до крајот на сезоната ке биде дел од албанскиот суперлигаш “Аполонија“ од Фиер . Јакимоски (23) кој потекнува од охридската школа, играше и во Победа, Новаци, Братство, а ова за него ќе биде прво интернационално искуство.
    
Задоволен сум од условите кои ми беа понудени и од средината која одлично ме прифати, е првиот коментар на Јакимоски. Во тимот на “Аполонија“, ќе бидам до крајот на сезонава, а понатаму ке видиме, одам чекор по чекор .

Тимот на Аполониа во зимскиот преоден рок реализираше неверојатни 15 трансфери. Доведени се 14 фудбалери и тренерот Андреа Марко. Покрај Јакимоски во албанскиот суперлигаш друштво ќе му прават довчерашните соиграчите од Илинден Делиоски и Ристески, а во преодниот рок во  клубот дојде и Зендели од Слога Ј.

Јакимоски своето деби го имаше на дербито на дното против Шкумбини, кое “Аполониа“ го доби со 1-0. Новиот тим на Цанко, “Аполонија“ со победата во последниот натпревар во
албанската супер лига, која брои 12 клуба, по 17  кола се наоѓа на 11 место со 14 освоени бода .

Мирко Постолоски