Екс репрезентативецот на Македонија, охриѓанецот Гоце Толески, официјално е нов член на бундес-вторлигашот Бургхаузен . Гоце Толески, фудбалската кариера ја започна во пионерската школа на Охрид, а кариерата ја продолжи играјќи во Караорман, Напредок, Работнички и Ренова. За македонската фудбалска репрезентација одигра 16 натпревари и постигна 1 гол. Беше дел од составот на македонската репрезентација која во Саутемптон на “Сент Мери“ против Англија одигра 2:2.
Новиот тим на Толески, Бургхаузен се наоѓа во опасната зона на 15 место со 17 освоени бода. Со головите на Гоце очекувааат да обезбедат опстанок. Дебито за својот нов клуб, Толески, ќе го има во понедлник – 20.15 ч. на “Алианс“ арената во Баварското дерби каде Бургхаузен му гостува на Минхен 1860. Натпреварот љубителите на фудбалот можат да го гледаат на гермаскиот спортски канал ДСФ .
Толески ќе ја зголеми македонската колонија во Германија. Во Мајнц настапува Новески, во Енерџи Котбус – Митрески, а Васоски и Николов играат за Ајнтрахт и се дел од првата Бундес лига, додека Аце Митрески настапува за Келн кој игра во втората по квалитет Бундес лига .
дел од написите во германските весници за трансферот на Толески:
(Toleski, mazedonischer Nationalspieler, ist am 5. Mai 1977 in Skopje geboren, ist 1,77 m groß und 75 kg schwer. In der Hinrunde der 1. mazedonischen Liga war Goce Toleski mit 13 Treffern zweitbester Torschütze. Vor seinem Wechsel zu Renova hat Toleski bis Sommer 2006 für FK Rabotnicki Kometal Skopje, von 2000 bis 2004 für FK Napredok Kicevo und in der Saison 1999/2000 für FK Tikves Kavardaci gespielt. Der Stürmer hat zuletzt im Testspiel bei Eintracht Frankfurt das Wacker-Trikot getragen und das Trainerteam auch beim folgenden Probetraining in Burghausen überzeugt. Goce Toleski hat beim SV Wacker einen Vertrag bis 30. Juni 2008 unterschrieben.)
Мирко Постолоски