Гоце одлучи да ја засили Славија бидејќи со овој клуб ќе има можност да настапува во Купот на УЕФА, откако тимот испадна како третопласиран во групите од Лигата на шампионите.
Во изјава за дневниот спортски весник Македонски спорт Толески вели:
“Од пред два дена сум член на Славија. Успешно се завршени преговорите меѓу челниците на двата клуба, кои веќе извесен период беа во контакти. Среќен сум што конечно ќе бидам дел од голем клуб како што е Славија. Мојот договор со нив е за наредниве две години, но, се разбира, со можност да се продолжи за уште една сезона. Се надевам дека ќе успеам да ги оправдам финансиските средства кои овој тим ги издвои за мене“.
Неофицијално се споменува сумата од 550.000 илјади евра кои Славија ги префрлила на контото на Мост.
Славија Прага есенската полусезона во првенството ја заврши како лидер на табелата, а пролетниот дел почнува на 16 февруари, кога актуелниот шампион ќе се сретне со Чешке Будејовице.
За неполна година ова ќе биде третиот странски клуб за Толески. Во вториот дел од сезоната 2006/07 беше дел од тимот на на Бургхаузен, вистински бум беше негововиот следен тим Мост по кој завршува во Славија .
Во нашето првенство Толески ги бранеше боите на Охрид, Караорман, Тиквеш, Напредок, Работнички К. и Ренова.