Охриѓанецот Гоце Мојсоски се пласираше помеѓу ТОП 10 натпреварувачи во боди билдинг класик конкуренцијата на Меѓународниот натпревар кој се одржа во шпанскиот град Санта Сузана. Мојсоски пласман и виза за натпреварување во Шпанија обезбеди после освоената титула во средна категорија во нашата земја.

– Во силна конкуренција го освоив 10-то место, што за мене преставува огромен успех. Иако сум бил дел од повеќе натпревари собирот на најдобрите од Европа во Шпанија беше големо искуство, бидејќи во петте натпреварувачки денови продефилираа повеќе од 1000 учесници. Се потрудив успешно да ги претставам Охрид и Македонија и да се изборам за што подобар резултат. Конкуренцијата беше голема, јас прв се појавив на сцената во финалето и собрав добри аплаузи, а дел од судиите ме рангираа со најдобри оценки. – изјави Мојсоски за искуството во Шпанија.

Крајната цел на Мојсоски е пласман на Олимпијадата во Токио, но прво ќе мора добро да се претстави на Арнолд Класик натпреварот кој ќе се одржи следниов период.

– Сакам да им се заблагодарам на Општина Охрид, Спортската сала „Билјанини Извори“, менувачницата Саат кула од Битола, маркетите Тамаро, Лаунџ барот Кадмо и Гоце Попоски кој констатно и искрено ме поддржуваат во секој натпревар повеќе време. Голема заслуга за мојот успех има мојата мајка која се грижеше за начинот на исхрана и ќерката Ева која ми е најголема инспирација. – заврши Мојсоски.

OhridNews