Охриѓанецот Гоце Мојсоски ќе биде дел од големо натпреварување во Америка каде ќе се натпреварува во конкуренција бодибилдинг и фитнес.
За него ова ќе биде прво искуство во Америка иако веќе два пати учествуваше на Светски првенства кои се одвиваа во европските земји.
– Сакам што подобро да се преставам пред големиот аудиториум, кој ќе биде присутен на натпреварите. Макотрпно работев за натпреварување во Америка па ќе видиме што ќе испадне и дали ќе успеам да донесам некој медал – рече Мојсоски.
Од светските првенства Мојсоски во два наврати освои сребрен медал, а веќе неколку години е апсолутен македонски првак.
Ohridnews