Охриѓанецот Сашо Ѓорески, е на чекор до прилепска Победа.
Ѓорески, кој потекнува од охридската фудбалска школа ги бранеше боите на Македонија ЃП, Пелистер и Силекс. Иако имаше опција да премине во словачкиот тим „Ружомберок“, сепак се очекува во наредниве неколку месеци да ги брани боите на Македонскиот шампион и тоа како позајмен фудбалер од чешкиот тим „Брно“.
– Постои интерес и имам усмен договор со челните луѓе на прилепскиот прволигаш ,сепак се ќе биде познато до петок кога Победа ќе се врати во Македонија – открива за ohridnews, Ѓорески .
Екипата на Победа утре ќе го одигра реванш натпреварот во квалификациите за Лигата на шампиони против Левадиа. Првиот натпревар македонскиот шампион како домаќин во Прилеп го загуби со 1-0 . Победникот од овај дуел во вторто коло од квалификациите за Лигата на шампиони ке игра против Црвена Звезда.
М. ПОстоловски