Офанзивното крило Саше Ѓорески деновиве е на проба кај романскиот второлигаш Дачија. Како што не информираше потпреседателот на клубот Илче Каланоски, Ѓорески ќе помине неколку тренинзи со романците по што ќе се знае каде ќе ја продолжи фудбалската кариера.


– Саше замина во Романија, каде ќе се обиде да ги импресинира романците и да потпише договор со нив. И покрај тоа што сме во трка за шампионската титула во втората лига, за нас како клуб преставува чест што нашите играчи ги бараат во странство и без никаков проблем го пуштивме -вели Каланоски.

Ѓорески беше еден од стандардните во составот на “рибарите“ а со неговото евентуално заминување стратегот Зоран Ѓорески ќе треба да бара алтернативно решение за левата бочна позиција.


Најавуваат соработка –  Каланоски и Бочески

Потпреседателот Каланоски кој имаше средба со селекторот на репрезентацијата под 19 години и стратег на Напредок, Драган Бочески не ја исклучи можноста стратегот да “влезе“ во ФК Охрид 2004 и да добие некоја од спортските функции во клубот.

М.П.