Екипата на Брегалница за која стандардно настапува охриѓанецот Сашо Ѓорески остана без тренер откако Никола Спасов го напушти тимот по завршувањето на есенската полусезона.


По 18 одиграни натпревари во Првата македонска фудбалска лига штипска Брегалница со 24 бодови се наоѓа на шестата позиција што е премалку за амбициите на клубот пред почетокот од сезоната.
“Сините“ имаат пред нив три месеци до почетокот на пролетниот дел да назначат нов тренер, кој ќе ги исполни амбициите на клубот.

Мх.П.