Нашиот саксофонист Горан Папаз доби покана да свири во интернационалниот џез биг бенд во Хангзоу, Кина. Тој е еден од 16-те музичари од Европа, кои ќе настапат на самитот на министерствата за култура од Централна и Источна Европа.
Концертот е закажан на 23ти септември а после тоа Папаз ќе одржи неколку предавања во Музичкиот Конзерваториум во Зејжанг.
Папаз по враќањето од Кина, најавува нов сингл и нови настапи ширум Македонија но и пошироко.
OhridNews