Охриѓанецот Ѓоко Гредоски од второлигаш Илинден од Велмеј е на проба во таборот на сплитски Хајдук.
Како што пишува хрватскиот веб портал index.hr Гредоски на подготовките во Умаг веќе го одработил и првиот тренинг под раководство на Јарни.
Гредановски (19 години) беше дел од младинскиот погон на Битолски Пелистер, а како позајмен играч настапуваше во редовите на Илинден.
Игра на позицијата десен бек, позиција која веќе подолго време во Хајдук е рак рана, па се очекува младиот македонски фудбалер да ги задоволи очекувањата на раководството на тимот.
Гредоски се очекува да биде второто засилување за Хајдук во зимскиот преоден рок откако претходно беше ангажиран Романецот Дан Апостол.