Охриѓанецот Марјан Ецкоски е делегиран за главен судја на натпреварот на “Железарница“ помеѓу Металург и Хоризонт Турново.

Асистенти на Ецкоски ќе бидат стружаните  Негриески Кирил и Чакарески Лазе. Четври судија е Шулески Стевче.

Ецкоски не е таличен за екипата на Металург. На двата досегашни натпревари кои ги водел на “Железарница“ Металург нема победа.

Претрпеа пораз од Пелистер со 2-1 и ремизираа со Силекс играјќи 2-2.

ohridnews