Охриѓанецот Дејан Трајкоски се закити со златниот медал во изборот на атлета на Македонија за 2015 година во категоријата „Мan physique“ до 180 сантиметри.


Трајкоски кој прв пат учествуваше на првенство на државно ниво со едногласна одлука од судиите го освои првото место пред останатите конкуренти во својата категорија.


– Оваа победа им ја должам на сите кои ме поддржуваа и веруваа во мојот успех. Не беше ни малку лесно да се подготвам за натпреварувањето. Цела година напорно тренирав, последните осум недели го зголемив темпото, а многу внимавав на исхраната. – рече Трајкоски.


24-годишниот охриѓанец нема да застане тука и да се задоволи со наградата за најдобар атлета во својата конкуренција, туку ќе атакува на титулата апсолутен првак во Македонија.

Мх.П.