Охриѓанецот Дамјан Пејчиноски викендов ќе настапи на големото музичко шоу „Guitar Idol“ во Лондон кое годинава се одржува по втор пат.

Дамјан е еден од дванаесетте финалисти кои беа избрани во конкуренција на илјадници неафирмирани гитаристи од целиот свет. Пејчиноски е првиот учесник од Македонија, а втор од Балканот, на гитарското музичко шоу.

Дамјан Пејчиноски, важи за еден од најталентираните млади гитаристи во Македонија, Роден на 25 октомври 1984 година во Охрид, а гитара свири од својата 6-та година. Во 2002 година беше прогласен за најдобар гитарист во Македонија, а многумина го сметаат за наследник на легендарниот Влатко Стефановски.

Ohridnews