Светски познатиот џез уметник, охриѓанецот Владимир Четкар ќе настапи во Холивуд, Лос Анџелес во еден од најпрестижните џез клубови во светот Catalina Jazz Club. Поканата за настап од менаџментот на клубот тој ја добил по препорака на холивудската ѕвезда и џез пејачка Сали Келерман која е голем фан на Владимир.

Освен Четкар кој со својот квартет во Холивуд треба да настапи на 31 мај, во Каталина тој месец ќе можат да се чујат и една мала армија на светски музички легенди меѓу кој и Chick Corea, Kenny Garrett, Stanley Clarke, Jack De Jonhnette ( кој токму во клубот ќе го прослави својот 70 роденден), Freddy Cole ( братот на Nat King Cole ) и многу други.


Владимир Четкар

Логото на клубот “Ништо освен најдоброто во Џезот“ самото по себе зборува за селективноста на неговиот менаџмент при правењето на музичката програма и досега во него настапувале големи имиња во џезот и модерната музика како Dizzie Gillespie, Art Blakey, McCoy Tyner, Chick Corea, Ray Brown, Joe Williams, Max Roach, Carmen McRae, Betty Carter, Ron Carter, Joe Henderson, Benny Carter,Tony Williams, Joe Zawinul, Marcus Miller, Wynton Marsalis, Branford Marsalis, Joshua Redman, Michael Brecker, Dee Dee Bridgewater, Jimmy Scott…

Исто така оваа недела музиката на Четкар како и негово интервју ќе се емитуваат на националното радио во Гватемала RADIO NACIONAL TGW (107.3 FM), во емисијата ‘BUENAS NOTICIAS!!’ што е одлична промоција на Македонија во овој егзотичен дел од светот. 

OhridNews