Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар, деновиве снима видео спот на Менхетен, Њујорк. Како гостин се појавува интернационалната ѕвезда, францускиот Ди џеј и продуцент Димитри Фром Париз со кого Четкар соработува на неговиот најнов албум.
До крајот на ноември спотот ќе биде завршен и потоа следува негова светска промоција заедно со новиот албум на Четкар.
Интересот за новите материјали на Четкар е голем и при крај се преговорите со неколку светски продуцентски куќи кој ќе го промовираат новиот албум, информираат од менаџерскиот тим на Четкар.
OhridNews