Охридската џез-фанк ѕвезда со светско реноме, Владимир Василески – Четкар предизвика делириум на Sziget фестивалот во Будимпешта – Унгарија што се одржа деновиве. Неколку илјадната  публика го испрати Четкар со овации  иэвикувајќи ‘We want more!’ (сакаме уште!).


После настапот фановите буквално го =опседнаа Четкар барајќи автограм  повеќе. Настапите предиэвикаа огромен медиумски интерес кој реэултираше со  повеќе телевиэиски и радио интервјуа. (Емисијата Duna ter на националната Унгарска телевиэија Duna TV во која Четкар беше гостин можете да се проследи на линкот  http:// www.dunatv.hu/felsomenu/nettv?video=1_455248  делот со   Четкар почнува на 6:12мин).


Најчитаниот унгарски весник Metropol эа Четкар посвети цела страница во секцијата эа култура со наслов Џеэ виртуозото Четкар. Линк: http://www.metropol.hu/kultura/cikk/285631



Своето воодушевување од настапот на Четкар го изрази и легендарниот Maceo Parker  со кого се дружеа позади сцената. Менаџментите на Sziget Festival и Debrecen Flower Carnival презадоволни од успехот на  концертите веднаш го поканија Четкар да гостува и на следните иэданија на фестивалот, а покани эа настап тој доби и од неколку други престижни фестивали во Унгарија, Австрија и Германија, соопшти менаџментот на Четкар.

Ohridnews