Викендов, охриѓанецот Владимир Четкар настапи во Њујорк, САД, во клубот „Блу Ноут“, или како што го нарекуват „светската престолнина на Џезот“. Ова беше седмо гостување по ред на Четкар во ова легендарно место.

 

Четкар беше придружуван од Коди Роландс на труба и флугелхорн, Арон Хенри на тенор саксофон и флејта, Кори Волис на тромбон, Милан Милановиќ на пијано, Брајан Лед на електричен бас и Ник Фалк на тапани.

Освен „Блу Ноут“ Владимир Четкар има повеќе пати настапувано и во останатите најзначајни џез места во САД како „Иридиум“ на Бродвеј (Њујорк), „Регатабар“ во Бостон, „Блуз Ели“ во Вашингтон и „Каталина“ џез клуб на „Сансет“ булеварот во Лос Ангелес. 

OhridNews