Светски познатиот џез музичар од Охрид, Владимир Четкар деновиве настапи во во светски прочуениот Каталина Џез Клуб во Холивуд на славниот Сансет Булевар каде за прв пат на билборд заблеска името на еден македонски уметник.
Енергичниот и виртуозен настап на Четкар и неговиот квартет, заедничката изведба со Диси Лару и легендарниот продуцент на Казабланка рекордс Боб Ести (продуцентот на Дона Самер, Шер, Барбара Стрејсенд), ја направија атмосферата таа вечер навистина незаборавна и ја дигнаа на нозе презадоволната публика во Каталина во која се најде и холивудската ѕвезда Сали Келерман позната како “Hot Lips” од познатата американска серија ”MASH”. Таа е голем фан на Четкар, како и холивудскиот филмски продуцент Ланс Рејнолдс (продуцент на “Paperback Hero“ со Hugh Jackman), информираат од тимот на Владимир.
Во Холивуд, Четкар се претстави како комплетен уметник со авторска музика и ја репрезентираше својата земја во најдобро светло.
На 23 jуни Четкар ќе биде дел од најголемиот Џез фестивал во Њујорк, „Блу Ноут“ и ќе има настапи во истоимениот култен њујоршки клуб.