„Иридиум“ се наоѓа на славната авенија Бродвеј во Менхетен, Њујорк и нуди една од најбогатите музички програми во која е редовно вклучена светската џез и блуз елита. Владимир ќе биде првиот Македонец кој ќе настапи на ова место.
Да потсетиме дека Владимир Четкар веќе имаше три успешни концерти во легендарниот њујоршки клуб „Блу Ноут“ и дека настапот во „Иридиум“ е уште еден успех во неговата кариера и афирмација на американската музичка сцена. Пред Владимир Четкар, таа вечер ќе настапи и светски познатиот саксофонист Кени Гарет.
Веднаш по овој концерт Четкар заминува за Лондон каде на 15-ти октомври ќе ја има честа да го отвори источно – европскиот џез фестивал организиран во чест на 200 годишнината од раѓањето на Шопен.
Четкар со својот бенд во Лондон ќе настапи во „Поск Џез Кафе“ каде и се одржува џез фестивалот, а неговиот настап ќе почне во 20:30 часот. (http://host.quksdns4.net/~jazzcafe/index.php?option=com_content&view=article&id=2&Itemid=5&lang=en)
После Њујорк и Лондон, Четкар на кратко повторно ќе дојде во Македонија каде ќе има неколку настапи пред домашната публика.