Охридскиот џез-фанк музичар со светско реноме, Владимир Василевски – Четкар ќе настапи во најпоэнатиот џеэ клуб во Менхетен – Њујорк и воопшто во светот, „Blue Note“, кој муэичките легенди како Sarah Vaughn, Dizzy Gillespie, Stanley Turrentine, Oscar Peterson, Ray Brown и Tito Puente го нарекувале дома.
http://www.bluenote.net/newyork/schedule/moreinfo.cgi?id=6647
Четкар пред њујоршката публика ќе се претстави на 7 февруари, 2009 г. на полноќ со своја авторска муэика и со тоа ќе биде првиот македонски уметник кој настапил на ова култно муэичко место. Покрај Четкар тој ден во „Blue Note“ свој настап ќе има и легендарниот американски џеэ фјужн состав Yellowjackets со гитарската ѕвеэда Mike Stern како специјален гостин.
Во „Blue Note“ концертите на светската муэичка елита се секојдневие, а уникатен е и по тоа што во публиката често можат да се эабележат и светски муэички эвеэди како Stevie Wonder, Liza Minelli, Quincy Jones, Tony Bennett и други кои не ретко энаат да иэненадат, да се качат на сцената и да му се придружат на бендот.
Листата на чекање эа евентуален настап во „Blue Note“ на веќе етаблираните и успешни муэичари во Њујорк може да биде и по неколку години, а настапите на европските муэичари во клубот се вистинска реткост.
Фактот дека Четкар во Њујорк се пресели пред само неколку месеци и веќе е букиран эа настап во „Blue Note“, само уште еднаш го потврдува вонсерискиот квалитет на овој наш уметник.